Барселона го договори доаѓањето на напаѓачот, Легањес со барање до Ла Лига

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Барселона го договорила доаѓањето на Мартин Брајтвајт од Легањес.

„Каталонците“ добија одврзани раце одЛа Лига да потпишат нов напаѓач, а изборот паднал на данскиот репрезентативец за кого ова ќе биде неверојатен трансфер.

Од Легањес веднаш побарале од Ла Лига и нив да им биде дозволено да донесат играч кој би бил замена за Брајтвајт. Останува отворено прашањето дали од Ла Лига ќе им излезат во пресрет по ова барање.