Газета објави дека Роналдо е најдобар според Самуел Ето, Камерунецот веднаш ги демантираше…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“ погрешно ги пренесе зборовите на поранешниот напаѓач на Интер и Барселона, Самуел Ето.

Ето во една изјава за медиумот кажал дека Роналдо е меѓу најдобрите светски фудбалери, а „Газета“ погрешно ја пренесе неговата изјава, па објави дека Роналдо е најдобриот светски играч според Камерунецот.

„Не, не реков дека Роналдо е најдобар играч што некогаш играл. Реков дека е еден од најдобрите. Најдобар е Меси“ –напиша Ето на социјалните мрежи.