Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деонтај Вајлдер причина за поразот од Тајсон Фјури пронајде во тешкиот костум со кој влезе во рингот.
Американецот беше тешко поразен од кралот на циганите минатата сабота и ја загуби светската титула во ВБЦ, тврдејќи по мечот дека неговиот костум од 20 килограми ги ослабнал нозете.
„Воопшто не ме повреди, но факт беше дека костумот беше премногу тежок. Јас не ги почувствував нозете уште од почетокот на борбата и во третата рунда тие едноставно ми пропаднаа“, рече Вајлдер по борбата.
Сепак, неговиот изговор е многу смешен за многумина, па тој едноставно треба да го признае на тешкиот пораз од Фјури и да не ги обвинува костумите.
Причината е дека Вајлдер претходно тренираше без никакви проблеми со елек кој тежеше 20 килограми, па дури и направи спринтови.
Во подкастот на Џо Роган за 2018 година, тој рече:
“За време на сите вежби, јас носам елек од 20 килограми за да имам дополнителен товар врз мене. Сакам да ги активирам сите можни мускули и да ги поврзам со брзи движења”, истакна Вајлдер.
Можеби Американецот ги заборави овие зборови и можеби само треба да признае дека Фјури беше подобар.
Вајлдер ќе има нова шанса да ја освои титулата во ВБЦ шампионатот до крајот на летото, бидејќи Фјури треба да му даде реванш до 18 јули.