Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 2:0 на домашен терен во неделата за да се вратат на врвот на Ла Лига.
Ел Класико не ни го понуди фудбалот на кој сме навикнати да го гледаме изминативе десет години, но сигурно најважната работа за играчите и навивачите на Реал Мадрид е што тие успеаја да победат против лутиот ривал.
Реал поведе во средината на второто полувреме со гол на Винициус Јуниор, додека Маријано Дијаз стави точка на натпреварот. За Маријано ова беше неговото деби оваа сезона во Ла Лига затоа што Зидан го отпиша денес пред една година.
Но, на изненадување на сите, Маријано доби своја шанса и во првиот допир на топката постигна гол, па дури и заплака. Зидан ги изненади сите со одлуката да го задржи Лука Јовиќ на трибините и да му даде шанса на Маријано, што се покажа како полн погодок.
Секако, по мечот шпанските медиуми се интересираа зошто Зидан го остави Јовиќ на трибините, а тој прво се смееше, а потоа одговори на прашањето.
„Бидејќи јас сум тренер и донесувам одлуки“, рече Зидан.