Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалската полиција прави претрес во неколку куќи, меѓу кои и во една на најпознатиот агент во светот, Жорж Мендеш.
Мендеш е обвинет за неплаќање на данок и за перење пари, па целта на истрагата на полицијата е да се откријат „валканите работи“ кои ги правел тој.
Исто така, покрај куќата на Мендеш, бил извршен претрес и во просториите на најголемите португалски клубови Порто, Бенфика, Спортинг, Брага, но и други.
Биле претресувани и куќите на легендарниот Икер Касилјас, Џексон Мартинез и Макси Переира. Сите се осомничени дека низ документи ги намалувале сумите кои треба да ги платат за данок.
Полициската истрага продолжува, а останува да видиме дали некој ќе добие обвинение.