Второлигаш имал луда идеја: Ги сакале Ибрахимовиќ и Манџукиќ!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Спортскиот директор на Беневенто, Паскал откри каква идеја имале во клубот во јануарскиот преоден рок.

Беневенто е лидер во Серија Б, па второпласираниот Фросиноне има 19 бодови помалку и само прашање е на време кога екипата ќе се врати во Серија А.

Спортскиот директор на клубот кажа дека на листата на желби на Беневенто биле Златан Ибрахимовиќ и Марио Манџукиќ.

„Претседателот сакаше да ги ангажира Ибрахимовиќ и Манџукиќ, пред да замине во Катар. Но, мораше да се помири со реалноста. За среќа работам со многу амбициозен претседател, па очекуваме големи резултати во иднина“, открива спортскиот директор.