Роналдо се врати во Италија и имаше тренинг со Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати од Португалија и вчера попладне го одработил тренингот со Јувентус.

Фудбалерот во вторникот мораше итно да се врати во родниот крај за да ја посети мајка му, која завршила во болница поради мозочен удар.

„Им благодарам на сите за пораките за поддршка. Нејзината здравствена состојба во моментов е стабилна и таа е во болница. Моето семејство и јас сакаме да се заблагодариме на медицинскиот персонал. Сега би сакал љубезно да ве замолам да ја почитувате нашата приватност“, порача Роналдо.

Јувентус во среда требаше да одигра реванш против Милан во полуфиналето на италијанскот Куп, но мечот беше одложен поради страв од коронавирусот.