Со доаѓањето на Фернандеш, Манчестер Јунајтед престана да губи


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Бруно Фернандеш неодамна пристигна на „Олд Трафорд“ и дефинитивно ја оправда улогата на големото засилување.

Англиски великан во финалето на преодниот рок донесе засилување од Португалија. Фернандеш се поврзуваше со Јунајтед порано, а пристигнувањето на 25-годишниот офанзивен играч за врска дефинитивно ги придвижи работите во Манчестер.

Поточно, „Црвените ѓаволи“ имаат одиграно седум натпревари од доаѓањето на Фернандеш, забележајќи четири победи и три нерешени во тој период. Тие постигнаа 15 и само примија два гола.

Фернандеш учествуваше во тој добар период. Тој постигна гол против Евертон изминатиот викенд, претходно постигна гол и асистенција против Вотфорд, еден даде против Клуб Бриж, асистираше во победата против Челси …

Патем, Фернандеш како 18-годишник ја напушти Португалија и замина во Италија, каде потпиша за Новара. Подоцна играше за Удинезе и Сампдорија, но доживеа целосна експлозија со неговото враќање во татковината пред две и пол години кога го купи Спортинг.

Иако неговата примарна цел не се голови, тој постигна дури 63 со 52 асистенции во дресот на Спортинг и минатата сезона, на 53 настапи во сите натпреварувања, тој имаше 50 голови и асистенции (32 + 18).