ПСЖ подготви понуда за Милинковиќ-Савиќ, која Лацио нема да може да ја одбие!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Фудбалерите на Лацио сезонава се најпријатното изненадување во Серија А и во моментов се наоѓаат на лидерската позиција на Апенините.

И сезонава еден од најдобрите фудбалери на клубот од Рим е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој одигра 31 меч и постигна пет голови и седум асистенции.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лацио би можел да го продаде на лето, иако Србинот има договор до 2024 година. сепак, едноставно интересот на ПСЖ не може да се игнорира и тие подготвуваат понуда, каква што не се одбива.

ПСЖ се обиде да го купи Србинот и пред две години, но тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, што беше повеќе од очекуваното.