Обамејанг ќе остане во Арсенал, но за плата која никогаш нема да ја добие!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјер-Емерик Обамејанг и сезонава е еден од најдобрите фудбалери на Арсенал, но се шпекулира дека ќе го напушти англискиот гигант на крајот на сезоната.

Обамејанг не е задоволен со тоа што Арсенал ниту следната сезона најверојатно нема да игра во Лигата на шампиони.

Овој 30-годишен напаѓач има договор со „топчиите“ до 2021 година и Арсенал ќе има шанса да го продаде за одредена сума следното лето, но тие најверојатно ќе се обидат да потпишат нов договор.

Обамејанг, наводно, сака да остане, но бара плата од неверојатни 300.000 фунти, што речиси сигурно нема да ја добие, зашто тоа е невозможна мисија за Арсенал.