Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот првак во УФЦ, Јоана Једрзејчик се најде во центарот на вниманието по натпреварот во Лас Вегас против Ваили Жанг.
Жанг успеа да ја одбрани титулата против Једрзејчик, но полскиот борец скоро непрепознатливо ја напушти салата во Лас Вегас. Многумина беа шокирани од изгледот на главата на Јоана, која имаше огромен хематом на челото.
Веднаш по натпреварот, Једрзејчик отишла во болницата каде лекарите биле шокирани од нејзиниот изглед. Таа се бореше со хематом на челото скоро три рунди, но на крајот не успеа да победи.
Хематомот дојде по енергичен директ што ја доби во челото на Жанг. Нејзината глава се повеќе и повеќе отекуваше од рунда во рунда и на крајот беше навистина непрепознатлива.
Многумина веруваа дека Једрзејчик претрпе тешка повреда на главата и се шокирани откако лекарите објаснија дека за среќа таа имала само полесни повреди.
“Нема големи повреди. Хематомот ќе го снема за неколку дена и Јоана е пуштена на домашно лекување”, се вели во постот.
Joanna Jędrzejczyk was just discharged from the hospital, according to her team. No significant injuries, they said. Here she is leaving moments ago. ? @gldlx pic.twitter.com/y58z4EjMx5
— Ariel Helwani (@arielhelwani) March 8, 2020