Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во јануари се поврзуваше со тинејџерската сензација од Бирмингем, Џуд Белингем.
16 годишниот фудбалер од средниот ред изненади многумина со своите перфектни настапи во Чемпионшип лигата, па токму затоа интересот за него беше огромен од многу големи тимови.
Ливерул, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се меѓу тимовите кои се заинтересирани за Белингем. Играчот денеска беше фотографиран како со своето семејство пристигнува во тренинг центарот наМанчестер Јунајтед, Керингтон.
На средбата во тренинг центарот на „ѓаволите“ биле и Ед Вудвард и Мет Џаџ, првите луѓе на Јунајтед кои ги средуваат трансферите на овој клуб, па нема да чуди ако наскоро биде соопштено дека 16 годишниот фудбалер ќе биде нов играч на Манчестер Јунајтед.