Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коронавирусот затвори многу спортски стадиони, а најголемата цена ја плаќаат фудбалските првенства ширум Европа.
Италијанците решија до април да го прекинат првенството, додека останатите лиги ги затворија трибините во следниот период.
Ла Лига реши во следните две кола да ги затвори трибините на сите дуели и гледачите не може да присуствуваат на натпреварите, а тоа предизвика револт кај фудбалерите и клубовите.
„Играме поради навивачите. Дали има смисла да се игра без нив? Спортот без навивачи нема никаква цел. Глупаво е да се игра пред празни трибини. Знам дека здравјето е на прво место, но не постои толку голем ризик на натпреварите. Ако е до толку сериозна ситуацијата, прекинете го првенството“, порачаа фудбалерите од Ла Лига.