Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кристијано Роналдо нема да се врати во Торино и ќе остане во родната Мадеира во наредниот период.
Португалскиот фудбалер реши да остане дома затоа што не сака да го загрози неговото здравје, како и здравјето на неговото семејство.
Кристијано има јасен став. Тој сака натпреварите во Лигата на шампионите и сите натпреварувања да бидат одложени и ниту еден фудбал да се игра сè додека не помине пандемијата на коронавирус.
Да потсетиме, соиграчот од Јувентус, Даниеле Ругани, е тестиран позитивно на коронавирус и целиот тим потоа беше изолиран.
Сите играчи од тимот од Торино ќе бидат тестирани, вклучително и Роналдо со неговото семејство кои се ставени во карантин.