Коронавирусот ги победи Англичаните – мораа да ги откажат натпреварувањата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако се шпекулираше дека во Англија ќе се игра најнормално, сепак коронавирусот излезе како победник на крајот, па сите здруженија заедно решија да се прекине првенството на Островот до четврти април, под услов да се стабилизира ситуацијата дотогаш.

Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс им посака побрзо да оздрават на болните од коронавирусот.

„Најпрво сакаме Микел Артета и Калум Хадсон-Одои да оздрават побрзо. Во оваа ситуација соработуваме со нашите клубови и другите организации и секако наш приоритет е здравјето на фудбалерите, персоналот и навивачите“, порачаа од Премиерлигата.

Откажани се и италијанската, шпанската, француската  лига додека не се смири ситуацијата.