Заминува уште една легенда: Играше финале во ЛШ со Арсенал, освои тројка круна со Барселона

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Александар Хлеб донесе одлука да ја прекина фудбалската кариера.

Хлеб реши на крајот на актуелната сезона да се пензионира и конечно да ја завврши фудбалската приказна.

„Многу размислував и се констултирав, но сам донесов заклучок дека треба да ставам крај по сезонава. Иако го сакам фудбалот и имам желба да играм, сепак доста е“, порача Хлеб.

Хлеб освои тројна круна со Барселона во 2009 година, шест пати беше шампион на Белорусија со БАТЕ Борисов, а освои и Интертото куп со Штутгарт во 2002 година.

Исто така, играше и финале во Лигата на шампиони (ЛШ) со Арсенал, а една година подоцна и Лига Куп.