Роналдо своите хотели ќе ги направи болници за лекување на коронавирус!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо реши да помогне во борбата против коронавирусот, кој зарази многу луѓе ширум светот.

Роналдо има ланец на хотели во неколку европски држави, како што се Португалија, Франција и Шпанија, па сега сите ќе ги претвори во болници, во кои ќе се лекува коронавирусот.

За да биде уште похуман потегот, Роналдо решил сам да ги плаќа докторите и медицинскиот персонал, барем така тврди шпанска „Марка“.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата во моментов е во домашен карантин, поради тоа што кај неговиот соиграч Даниеле Ругани беше откриен коронавирусот.