Хари Кејн преферирал трансфер во Манчестер Јунајтед

Медиумите во Англија пренесуваат дека Хари Кејн ја разгледува опцијата за заминување од таборот на Тотенхем во летниот преоден рок.

За напаѓачот има сериозен интерес од неколку екипи меѓу кои и Јувентус, Манчестер Јунјатед и Манчестер Сити.

Како што пренесува „Дејли Експрес“, Манчестер Јунајтед бил прва опција доколку тој дефинитивно се реши да си оди од таборот на Тотенхем. Според истиот медиум, можно е и Јувентус да се обиде да го убеди напаѓачот да се приклучи во нивниот тим, а единствено Манчестер Сити засега има многу мала шанса да го ангажира во своите редови.