Челси нуди богатство за млада ѕвезда на Леверкузен


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Челси полека се подготвува за летниот преоден рок во кој конечно ќе може да го засили тимот според своите желби.

„Сините“ веќе го договорија Хаким Зијех од Ајакс, а нивна желба е уште еден крилен фудбалер.

Станува збор за 22-годишниот Леон Бејли, кој сезонава воодушеви со своите настапи во Баер Леверкузен.

Бејли на 22 меча сезонава постигна седум гола, а конкуренција на Челси за неговиот потпис ќе му бидат Арсенал и Манчестер јунајтед.

Скаутите на лондонскиот тим биле воодушевени од настапот на Бејли против Ренџерс во Лига Европа пред одредено време, па поради тоа Челси планира да плати до 85 милиони фунти за неговиот потпис.