Арсенал подготвен да го пушти Обамејанг, за играчот ќе бара „смешна“ сума


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од таборот на Арсенал се подготвени да го пуштат нивниот најдобар фудбалер, Пјер Емерик Обамејанг да си замине од клубот.

Вчера излгоа информации дека Габонецот би можел да заврши во Барселона, а денес „Дејли Експрес“ посочи дека „топчиите“ биле подготвени да го пуштат играчот да замине само доколку некој клуб ја плати бараната сума.

Сумата која клубот од Северен Лондон ја бара за играчот кој може да игра на врвно ниво уште неколку години е 50 милиони фунти. Ова може да се каже дека е смешна сума со оглед на фактот што клубовите во денешно време плаќаат толку пари за играчи кои се далеку од нивото на Обамејанг.