Роналдињо има ново хоби во затворот од кое сите останаа зачудени

Легендарниот Бразилец, Роналдињо во моментов ги минува најтешките мигови во својот живот затоа што се наоѓа во парагвајски затвор во градот Асунсион.

Роналдињо и неговиот брат беа уапсени поради тоа што во Парагвај пристигнаа со фалсификувани документи и од затвор го чекаат судењето.

Бразилските медиуми пишуваат дека Роналдињо во затворот пронашол интересно хоби со кое ќе се занимава и по кое побрзо ќе му минува времето. Имено, тој се приклучил на столарскиот тим  во затворот кој врши обработка на дрвата.