Роналдо со моќна порака до цел свет: Сонувавте да играте за милиони луѓе, сега е вашата шанса! (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо реши повторно да испрати моќна порака во овие тешки моменти за целиот свет.

Борбата со пандемијата на коронавирусот се води низ планетата, а фудбалерите почнаа и акција со жонглирање со тоалетна хартија, но и различни хуманитарни акции.

Роналдо во својата татковина е во карантин, а додека е принуден да одмара од фудбал, Португалецот реши да испрати една моќна порака.

„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони луѓе ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте дома, играјте за светот“, напиша Роналдо.