Тажна судбина на бивш соиграч на Рамос: Остана без дел од нога и работи како келнер!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако многумина сметаат дека фудбалерите и по кариерата поминуваат убави моменти, се лажат за тоа, а вистински пример за тоа е Дарио Силва.

Поранешниот фудбалер на Калјари, Еспањол, Малага, Севилја и Портсмут ја заврши кариерата пред 14 години.

Денес има 47 години и работи како келнер, а како што откри за шпанските медиуми, луѓето кои се грижеле за неговата кариера, му ги земале сите пари. За да биде уште полошо, во сообраќајка останал без дел од нога, па денес е полуинвалид.

„Го напуштив фудбалот поради татко ми. Тој кажа дека не знае дали поради болест ќе преживее повеќе од два-три месеци. Луѓето кои ги ангажирав да се грижат за мојата кариера, ми ги украдоа парите“, открива тој.

Интересно е тоа што тој играше во Севилја од 2003 до 2005 година и ја делеше соблекувалната со Серхио Рамос.