Дончиќ се сети на денот кога го запознал Роналдо: Не можев да зборувам, бев нервозен… (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ сезонава е хит во НБА-лигата каде што игра одлично за Далас маверикс. Тој пред две години го напушти Реал Мадрид и се пресели во најсилната кошаркарска лига во светот.

Во разговор за еден медиум, Дончиќ се сети на времето додека играл за „кралевите“, кога имал можност да го запознае Кристијано Роналдо и да откри дека тоа бил посебен момент за него.

Дончиќ тогаш имал само 16 години и призна дека бил многу нервозен што ќе го запознае еден од најдобрите играчи во светот.

„Имав само 16 години кога го запознав Роналдо. Бев многу нервозен. Не можев ниту да зборувам, па не го прашав ништо. Секогаш сакав да го возам неговиот автомобил“, кажа Дончиќ.