Милан ги смени плановите: Нема тренинг, здравјето на сите е на прво место!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Италија веќе две недели е во целосна блокада поради вирусот, а тоа ќе трае најмалку до трети април. Клубовите во Серија А веднаш потоа ги праќаат своите фудбалери во домашна изолација, кои добија упатства да тренираат дома според посебна програма.

Некои клубови најавија дека ќе почнат со тренинзи, а први тоа го направија Наполи и Лацио. По што во претходните денови и Милан најави дека ќе почне со тренинзи, но такво нешто нема да се случи.

Клубот од „Сан Сиро“ објави дека тренинзите се одложени, како и дека ќе биде одреден нов датум наскоро. Од тимот порачаа дека уште не е безбедно да тренираат заедно и дека здравјето на сите е на прво место.