Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина и понатаму одбива да ја земе во предвид идејата за прекин на Серија А.
Серија А во моментов е одложена поради пандемијата на коронавирусот, а се размислува веќе за продолжение на истата. Но, во меѓувреме се размислува и за кратење на платите на фудбалерите од лигата.
„Примарна цел е продолжение на сезоната. Направивме сценарио кое предвидува продолжување на лигата затоа што мислам дека тоа е правилно. Наша должност е да го почитуваме тоа. Неколку иницијативи досега беа почнати и ние планираме да ги скратиме платите на фудбалерите поради финансиските последици кои се очекуваат. Ќе го испратиме планот за плати до понеделник“, порача Гравина.