Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на германскиот фудбал и претседател на извршниот одбор на Баерн Минхен, Карл Хајнц-Румениге, ја коментираше новата идеја на УЕФА да го помести продолжението на европските лиги за август.
Румениге смета дека не смее во ниту еден случај да се поништат првенствата во светот.
„За да не ги нарушиме нашите првенства, би било добро да ја завршиме актуелната сезона. Тоа ќе влијае на опстанокот на многу клубови, меѓу кои и германските, а така ќе избегнеме и економска катастрофа без преседан. Тоа е единствен начин. Поради тоа мислам дека треба да се продолжи сезонава најдоцна до септември, а по тоа сценарио ќе имаме и одмор на зима“, вели Румениге.