УЕФА пак ги одложи натпреварите: Македонија – Косово ќе се игра во септември!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) повторно ги одложи натпреварите од баражот за Европското првенство.

На денешниот состанок беше решено приоритет да бидат клупските натпреварувања, па останатите натпревари беа одложени од трети до осми септември.

Претходно овие натпревари требаше да се играат во термин од 26 до 31 март, но беа одложени за јуни. Сепак, распоредот доби уште ена промена.

Оваа одлука е донесена на видео-конференцискиот состанок на преставниците на УЕФА со 55 национални сојузи, кои се одржа денеска.

Тоа значи дека Македонија против Косово ќе игра дури во септември, иако првиот термин беше во март, но истиот го одложија поради Ковид-19.