Најатрактивната водителка повторно пред ТВ-екраните: Дилета Леота ги израдува фановите (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Згодната италијанска новинарка Дилета Леота претходните неколку недели ги мина во карантин, па сега се враќа пред малите екрани.

Нема сомнеж дека згодната русокоса ја сака својата работа, а сигурно и нејзините фанови ширум светот ќе уживаат.

Дилета подготви емисија во борбата против Ковид-19, а фотографија од снимањето објави на социјалните мрежи.

„Со радост ви објавувам дека се враќам на телевизија, ќе се гледаме од 12 до 13 часот. Сите мора да мислиме на безбедноста, ќе минеме низ ова успешно, ако секој ја одигра својат улога. Ова е како фудбал, успехот ќе дојде ако сите работат за екипата“, напиша Дилета.