Поранешен голман на Киево откри: Роналдо не сакаше да ми го даде дресот!

Поранешниот голман на Киево, Стефано Сорентино се потсети на интересен момент од неговата кариера. Во текот на кариерата, тој имаше шанса да игра за многу италијански клубови и стигна речиси до 400 настапи во Серија А, а еден од тие кои се памети е против Јувентус кога му одбрани пенал на Кристијано Роналдо.

Тоа дополнително добива на тежина, ако се знае дека единствениот промашен пенал на Роналдо во италијанскиот клуб му е токму тој.

„Се договоривме да ги размениме дресовите, но откако промаши пенал, беше многу лут. Никогаш никој претходно не му одбрани пенал. Се сретнавме во тунелот, се поздравивме и тој ми честиташе, но неговиот израз на лице не беше најдобар. И не ми го даде дресот“, откри Сорентино.