Кристијано Роналдо ги руши сите граници во заработка!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер, кој заработи милијарда евра. Тој оваа година доби 110 милиони, односно 20 помалку од Лионел Меси, но и покрај тоа е пред него.

Кога ќе се пресметаат сите приходи, Роналдо ја проби магичната граница, а во моментов е најпопуларен спортист во светот и сега е единствен фудбалер, кој заработил повеќе од милијарда евра.

Единствени двајца спортисти кои досега успеале во такво нешто се Тајгер Вудс и Флојд Мејведер, а наскоро ќе ги стигне и легендарниот тенисер Роџер Федерер.

Роналдо во моментов е член на Јувентус, но се појавија шпекулации дека наскоро би можел да го напушти италијанскиот гигант поради финансиската криза, која е неизбежна затоа што коронавирусот направи хаос во светот.