Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Баерн Минхен многу порано од предвиденото перманентно го решија прашањето за нов тренер на клубот.
Имено, актуелниот предводник на „баварците“, Ханси Флик ја доби довербата и официјално да биде назначен за тренер на тимот.
Флик кој првично беше поставен за краткорочна замена на Ковач, а потоа доби договор до крајот на сезоната, сега доби нов договор кој ќе го остави како главен тренер на Баерн Минхен до 2023 година.
Статистиката зад името на Флик е импресивна, тој победи на 18 од вкупно 21 натпревар на кој го водеше тимот на Баерн Минхен.