Тијаго Силва си оди од ПСЖ и се враќа на местото каде се уште го обожаваат

Агентот на искусниот бразилски фудбалер, Тијаго Силва не ја исклучува можноста тој да се врати во редовите на Милан ова лето.

Силва во 2011 година го освои Скудетото со Милан, а една година подоцна во пакет со Златан Ибрахимовиќ се пресели во ПСЖ.

Ова лето, сега искусниот 35 годишен стопер ќе си оди од францускиот клуб, а меѓу опциите е и негово враќање на „Сан Сиро“.

„Во фудбалот се е можно, но мора да почекаме да видиме што ќе се случи поради пандемијата. Тој се восхитува на МИлан, свесен е дека годините во тој клуб му се најдобрите во кариерата. Исто така знае колку таму го сакаат навивачите“- изјави Пауло Тонието, агентот на играчот.