Во Шпанија почина легендарниот Радомир Антиќ


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Познатиот фудбалски тренер, Радомир Антиќ денеска по кратко и тешко боледување умре во Мадрид во својата 72. година од животот.

Поранешниот фудбалер и прославен тренер еединствениот кој ги водел трите најголеми шпански клубови, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Радомир Антиќ неодамна беше номиниран за најдобар тренер во историјата на Атлетико Мадрид, а денес за жал го напушти овој свет.

Од Антиќ на социјалните мрежи се прости и Атлетико Мадрид, клубот во кој тренерот остави најдлабока трага.

„Семејството на нашиот клуб жали поради смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир“ –стоеше во соопштението на Атлетико Мадрид.