Рома ќе се обиде да ангажира играч на Евертон


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Од таборот на Рома по примерот од претходната сезона кога ги погодија трансферите на Смолинг и Миктарјан, своето трансфер внимание и годинава ќе го насочат кон Премиер лигата.

Имено, од таборот на „волчицата“ планираат во своите редови да донесат неколку фудбалери кои играат на Островот.

Меѓу нив е и играчот на Евертон, Бернард кој не се изнаигра многу на „Гудисон Парк“ иако беше донесен во клубот како големо засилување.

Се верува дека Бернард ќе ја чини „волчицата“ околу 20 милиони евра, сума која не претставува проблем за италијанскиот тим.