„Испушив 250 цигари за 10 минути, а со Зидан не зборував две години!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поранешниот француски дефанзивец Вили Сањол откри дека не разговорал со Зинедин Зидан две години од загубеното финале на Светското првенство во 2006 година.

Италија беше шампион во 2006 година, но во финалето главна улога имаше Зинедин Зидан, кој заработи црвен картон поради тоа што го удри Марко Матераци со глава.

„Беше тоа мој најубав и најлош спомен. Многу се концентриравме на пеналот на Зидан. Мојата прва мисла беше дека Зидан е целосно луд. Даде гол и беше среќе. Но не знам… Влегов во соблекувална, загубив меч, а таму имаше човек што зборува и се извинува. Но, вие не го слушате. Разочарани сте, не можев да прифатам извинување. Испушив 250 цигари за 10 минути, две години не зборував со него“, открива Сањол.