Коронавирусот им „украде“ по 18 милиони евра на Реал Мадрид и Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голем удар за двата шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона. Тие останаа без планираните 18 милиони евра, кои требаше да ги добијат летово, а поради пандемијата на коронавирусот нема ништо од тоа.

Екипите требаше да се натпреваруваат на интернацоналниот Куп на шампионите во САД, но во меѓувреме настанот беше откажан.

„Со оглед на тоа дека не е јасно кога ќе биде прекината забраната поради пандемијата на короанвирусот, турнирот не може да се одржи летово“, кажа Даниел Силмен, директорот на американската компанија „Релевант Спортс“, која го организира турнирот.