ФИФА: Трансфер периодот нема да почне на први јули, очекуваме многу промени!

Пандемијата на коронавирусот го парализираше спортскиот свет, па речиси сите фудбалски лиги во Европа се прекинати, односно уште нема точни датуми кога сезоната ќе продолжи.

Јасно е дека цело лето ќе се играат натпревари за да се завршат сите натпреварувања, но тоа многу ќе ги промени подготовките за новата сезона.

Секако, и летниот преоден рок ќе доживее промена. Засега не е познато колку ќе трае, а најверојатно нема да почне ниту на први јули.

„ФИФА не може да ги продолжи договорите кои завршуваат на 30 јуни. Трансфер рокот нема да биде ист како претходно. јасно е дека нема да почне на први јули. Очекуваме да го решиме проблемот со договорите во следниот период“, вели Емилио Гарсија Силверо од ФИФА.