Дресот во кој Љоренте го урна Ливерпул на „Енфилд“ продаден за 8.100 евра!

Маркос Љоренте беше херој на Атлетико Мадрид минатиот месец во ревнашот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Ливерпул.

Атлетико во првиот меч победи со 1-0, но Ливерпул во реваншот успеа да обезбеди продолженија, каде што на сцена настапи Љоренте, кој постигна два гола.

Дресот на фудбалерот се најде на аукција за помош во борбата против коронавирусот и тој беше продаден за дури 8.100 евра, а го купи шпанскиот комичар и водител Давид Бронкано.

Тоа беше втор најскап предмет на аукцијата, а единствено повеќе пари од него беа потрошени на маичка на Рафаел Надал, која беше платена 20.500 евра.