Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Некогашниот напаѓач на Милан, Марко Симоне смета дека росонерите би требало да го донесат Мауро Икарди во своите редови.
Икарди нема да се враќа во Интер, а се уште не е познато дали ПСЖ ќе го ангажира на перманентна основа играчот кој постигна 20 голови на 31 натпревар оваа сезона.
„Би го задржал Рафаел Леао, има сила и талент. Ако на талентираниот секогаш му бараш мани, тогаш секогаш тргнуваш од нула. Не би се откажал ни од Пјонтек, ако Ибра оди, на Милан ќе му фали напаѓач. Мислам дека Милик од Наполи добро би се снашол, а лично би се обидел да го донесам Кавани или Икарди. Мауро би бил фантастично засилување“ –изјави Симоне кој со Милан има освоено четири титули шампион на Италија и два трофеи во Лигата на шампионите.