Саудискиот принц го купи Њукасл за 300 милиони фунти!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шеикот Мохаме бин Салман, принцот на Саудиска Арабија е нов сопственик на премиерлигашот Њукасл.

По 13 години, англискиот бизнисмен Мајк Ешли се согласи да ја намали цената од 340 милиони на 300 милиони фунти и да го продаде својот клуб.

Саудискиот принц прво сакаше да го купи Манчестер јунајтед, но бидејќи „ѓаволите“ ја одбија понудата, тој реши да го земе клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Бин Салман сега има 77% од акциите на Њукасл, а „ПСП капитал груп“, која пред 12 години му помогна на шеикот Менсур бин Зајед да го купи Манчестер сити има 10% од акциите.

Њукасл веќе долго време игра катастрофално. Со години составуваат тим за опстанок, па немаат амбиција за трофеи, но тоа би требало да се промени.