Фудбалот се враќа уште во една европска лига на почетокот на јуни!


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Коронавирусот ја парализираше цела Европа. Животот е блокиран речиси во сите земји, па нема ниту спортски натпреварувања во најголемиот дел од државите.

Сепак, многу брзо во Чешка животот би можел да се врати во нормала. Министерот за здравје Адам Војтех соопшти дека тие успеале да го спречат најлошото, односно неконтролираното ширење на заразата на Ковид-19.

Чешка е една од земјите кои не се жестоко погодени од пандемијата, па досега имаат околу 600 забележани случаи на вирусот на милион жители.

„До 20 април тренираме индивидуално, а потоа треба да почнеме да тренираме во групи кои ќе бројат до шест фудбалери. Во јуни до 50 луѓе би можеле да бидат на ист простор“, соопштија од Чешка.

Чесите се надеваат дека од 8 јуни ќе се играт натпревари без публика на трибините, а до крајот на регуларниот дел од сезоната им остануваат шест меча.