И во Австрија ќе почнат со тренинзи, а пред натпревари ќе прават – тестови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За неколку дена со тренинзи ќе почнат и фудбалерите во Австрија. Тие таму полека почнаа да ги намалуваат мерките кои беа воведени во борбата против пандемијата на корнавирусот. Целта е да се излезе од кризата и да се стабилизира економијата.

Министерот за спорт, Вернер најави дека клубовите ќе може да почнат со тренинзи од 20 април и тоа со помали групи, како што е случај во Германија.

Кога станува збор за натпреварите, тие ќе се играат пред празни трибини, а постојат и одредени мерки.

„24 до 48 часа пред мечот сите играчи ќе бидат на тестирање, како и тренерите и останатите луѓе од клубот. За тие тестови ќе мора да се погрижи лигата“, кажа Вернер.

Австријците на овој начин сакаат да го заштитат професионалниот фудбал и повторно да почнат со натпреварувањата.