Ова се посебните правила за продолжение на Серија А


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанската Серија А планира да го продолжи натпреварувањето на крајот на мај или почетокот на јуни. Управата на Фудбалскиот сојуз на чело со Габриеле Гравина се обидуваат да го вратат фудбалот на теренот, а клубовите би можеле да почнат со тренинг на четврти мај.

Многу правила меѓутоа мораат да се почитуваат за да продолжи сезоната. Секако, тоа е поради здравствената заштита на фудбалерите и персоналот на клубовите.

Сите лица кои ќе бидат присутни на стадионите ќе мора да бидат тестирани на коронавирусот пред секој меч. исто така, играчите пред самиот почеток на тренинг-кампот ќе ги направат сите можни прегледи.

Играчите ќе бидат во карантин и таму ќе бидат под постојани тестови. Клубовите кои имаат сопствени простории во тренинг-центрите, ќе ги тестираат фудбалерите пред мечот и истите ќе ги затворат.

Италијанците се трудат да создадат услови за да го вратат фудбалот на терените, а наскоро останува да видиме што ќе се случи.