Њукасл ќе изгледа страшно: Алегри ќе добие 400 милиони евра за засилувања

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри во текот на летото треба да стане нов тренер на англискиот премиерлига Њукасл.

Тимот од „Сент Џејмс парк“ наскоро ќе премине во сопствеништво на саудискиот принц Мохамед бин Салман, па најавени се сериозни инвестиции во клубот.

Прв кој ќе пристигне ќе биде Алегри, кој е без работа откако доби отказ од Јувентус и чека вистинска понуда за да се врати во акција.

Новите газди на Њукасл се подготвени да вложат дури 400 милиони евра на засилувања затоа што планираат да го однесат тимот во врвот на Премиерлигата и да се борат дури и за титулата во следните неколку години.