Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Раководството на Баерн Минхен најави казни за сите фудбалери, кои не ги возат автомобилите кои ги добија на користење од клубот.
Баварците од 2006 година го имаат Ауди како спонзор, овој автомобилски гигант има повеќе од осум проценти од сопственичката структура и поради тоа сите фудбалери мора да го возат нивниот автомобил.
Меѓутоа, фудбалерите на Баерн ги кршат правилата. Меѓу нив е и Кингсли Коман, кој вчера на тренинг се појави во Мекларен.
Тоа на крајот скапо ќе го чини затоа што казната за фудбалерите кои не возат Ауди изнесува 50.000 евра, а Коман имаше неверојатно извинување.
„Се извинувам на клубот и Ауди што не дојдов во нивниот автомобил. Причината е што го оштетив ретровизорот на Аудито, но во секој случај моја грешка“, кажал Коман.