Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона беше жестоко погодена финансиски поради пандемијата на коронавирусот, а тоа најмногу го покажува фактот дека играчите мораа да се откажат од 70% од својата плата.
Клубовите во Шпанија мораше да ги намалуваат платите на фудбалерите, но голем дел од тимовите тоа го направија со 10-20% од платата, а не како Барселона со драстично намалување од 70%.
Шпанските медиуми веќе некое време пишуваат за тоа дека Каталонците се во тешка финансиска состојба, но за нивна среќа ѕвездите се согласија да играат за помалку пари.
Доколку се прекине првенството, Барселона ќе нема друг избор освен да продава фудбалери, а наводно во екипата безбедни се само Марк-Андре Тер Штеген, Френки де Јонг и Лионел Меси.