Сари: Имаше многу конфликти во Лондон, никогаш не би живеел во Англија

Поранешниот тренер на Челси, Маурицио Сари кажа дека никогаш не би можел да живее во Англија. Италијанецот по само една година го напушти Лондон и потпиша за Јувентус.

По речиси една година откако замина од Челси, Сари вели дека фудбалот на Островот е одличен, но животот е лош.

„Никогаш не би живеел во Англија. Таму младите луѓе имаат голема предност во однос на постарите и не мислам само на фудбал, туку на многу работи. Премиерлигата ми недостига, фудбалот е одличен, но животот не е. Во Челси имаше многу конфликти во соблекувалната, но повторно имаше и солзи кога кажав дека заминувам“, кажа Сари.

Сари со Челси ја освои титулата во Лига Европа откако го победи Арсенал во финалето.