„Се извинувам поради минатите коментари“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антонио Гризман се извини порани коментарите пред 2 кола после денешната убедлива победа на неговиот тим со 4:0.

Тој зборуваше дека со оваа игра Атлетико ќе се бори за опстанок.

„Се извинувам за минатите коментари. Требаше да ги задржам за себе а не да ги кажам во јавност. Денеска сум многу задоволен“ – вели Гризман.

Во вторник Атлетико гостува кај ПСВ во ЛШ а за седум дена играат со Спортинг Хихон.