Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Челси не планира да му го продолжи договорот на Вилијан, кој на крајот на сезоната ќе остане без соработка и ќе може како слободен фудбалер да замине од Лондон.
За него интерес покажаа ПСЖ, Барселона, Арсенал, а сега во трката се вклучи и уште еден премиерлигаш, кој е можеби со најголема шанса да го ангажира.
Ливерпул наводно му понудил најдобри услови, а англиските медиуми објавија дека Вилијан е на чекор да потпише договор со нив.
Сепак, тоа отвора друга дилема, односно чие место ќе го пополни Вилијан и дали тоа значи дека некоја ѕвезда на „црвените“ летово ќе биде продадена, посебно поради тоа што Садио Мане и Мохамед Салах се желба на Реал Мадрид.